Богоески: 5 милиони евра поткуп од „Маѓар телеком“ зеле и тетовските функционери А.А. и М.Џ.

by Фокус

Откако Њујоршкиот суд што го води случајот против директорите на „Маѓар телеком“ го отвори за јавност сведочењето на поранешниот шеф на македонската тајна полиција, Слободан Богоески, порталот „Либертас“, повикувајќи се документот од сведочењето објави дека покрај поранешниот премиер Владо Бучковски кој е директно посочен дека примал мито, се наведуваат уште двајца други функционери. Бучковски на ова обвинување возврати со соопштение до јавноста, истакнувајќи дека Богоески прави тенденциозни конструкции.

Во дел од сведочењето на екс шефот на македонската тајна полиција и, поранешен советник на Владата – Богоески, дадено пред адвокатите на американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ), а во случајот со Маѓар Телеком и неговата ќерка фирма – македонскиот Телеком, Богоевски детално ги опишува сите операции и активностите во кои учествувал како посредник, ангажиран од контроверзниот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас.

Во сослушувањата пред Јужниот обласен суд на Њујорк, Богоевски сведочи и одговора потврдно на прашањата на американскиот владин адвокат, поврзани со давањето на мито на определени политички партнери во тогашаната македонска влада.

Така, во објавениот транскрипт на страната 25, Богоески ги именува В.Б. и лицата А.А. и М.Џ. дека во повеќе наврати, а со посредство на луѓето на Кондоминас, примиле 7,5 милиони евра во кеш.

Богоевски потврдува и дека во рамките на „нон-пејпер“ документот кој заеднички го изработиле директорите на Маѓар Телеком, заедно со советниците на тогашниот премиер В.Б. и Кондоминас, во параграфот 231, од Нон-Пејпер Договорот, кој веќе е потпишан од В.Б. и директорите на Маѓар Телеком, се наведува дека од сумата од 7,5 милиони евра, 5 милиони евра се за пријателите од Тетово, а 2,5 милиони евра за страната А, односно за В.Б..

На прашањето дали Богоески знае да каже со кого се поврзуваат иницијалите на А.А. и М.Џ. пораншниот шеф на тајната полиција одговора со име и презиме на функционерите, при што на Богоевски на прашањето на американскиот адвокат, одговора потврдно дека знае оти наведената сума е за поткуп на именуваните политичари.

Поврзани новости