Пендаровски: Опцијата Силјановска е враќање назад во тунелот на Груевски!

by fokus

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва на средба со жители на Демир Хисар побара на 21 април да се заокружи бројот 3 на гласачкото ливче, не само за да победи тој туку и за да победи опцијата која, како што рече, е за напредок, иднина и економски развој.

– На гласачкото ливче има контраст од понуди како никогаш досега, како црно и бело. Опцијата на Гордана Силјановска нуди поништување на се што е постигнато, а тоа значи блокада, изолација и враќање назад во тунелот на Груевски. Ние решивме да гледаме напред и да ги затвориме и најтешките прашања. Ако продолжиме со реформските процеси, јас ви гарантирам дека во јуни ќе добиеме датум за почеток на преговорите со Европската унија – рече Пендаровски.

Во 2018 година, како што рече тој, по добивањето на покана за членство во НАТО, само за половина година, директните странски инвестиции беа 624 милиони евра, тоа е двојно повеќе од најдобрата инвестициска година.

Тој повика на слога и единство и потсети дека неговиот слоган е „Заедно напред“.

– Да работиме сите бидејќи, како што рече, отворените перспективи кон ЕУ и НАТО носат само добро за државата и младите. Заедно напред за демократска, напредна и европска држава – порача Пендаровски во Демир Хисар.

Поврзани новости