Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на денешната прес коференција појасни и зошто хеликоптерите не можат во секој момент да се вклучат во борбата против огнената стихија.
-Хеликоптерите имаат лимит, не само нашите, и српските, и германските, и американските. Во Европа не постои хеликоптер кој гасне ноќно време. Ова е проверена информација, проверете, да не шириме незадоволство, гнев и паника меѓу граѓаните. На хеликоптери не смееме да сметаме откако ќе се намали дневната светлина. Овие хеликоптери ги возат луѓе, животите на тие луѓе нам ни се многу важни, рече Ангелов.
Тој појасни и дека доколку температурата е над 37 степени, тогаш не е безбедно за летање.
-За разлика од нашите, пак, српските може да летаат на малку повисока температура, но од друга страна тие може да носат 1,2 тони вода, додека оние со кои располагаат македонските служби може да носат два тона вода.
Имајте предвид дека гаснењето на пожар го прават некаде на пет некаде на десет метри висина, тоа е место како да се на ражен, на тие места температурата е многу повисока, затоа мораме да се загрижиме за животите на нашите херои, не смееме да ги загрозиме. Паничното барање хеликоптери само шири паника, рече Ангелов.