Ангелов: Сомнително е како пожарите избувнуваат на повеќе локации одеднаш

by fokus

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција изрази сомнеж за настанувањето на пожарите, посочувајќи дека необјасниви се причините како одеднаш пламнуваат толку пожари и рече дека МВР работи на откривање на причините.

-Пожарите се шират со чудна брзина. Дури имаме сомнителни моменти како тоа на некој места се палат тие пожари одеднаш, на повеќе локации. Полицијата работи на утврдување на причинителите, рече Ангелов.

Поврзани новости