МВР: Евакуирани две неподвижни лица поради пожар во Прилепско

by fokus

Две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години од прилепското село Ракле попладнево, поради опасност од пожар во тоа подрачје, биле евакуирани од полицијата и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син.

Како што соопшти МВР, луѓето биле евакуирани откако околу 14 часот била добиена пријава во ОВР Прилеп дека во село Ракле има двајца стари неподвижни луѓе кои се во опасност поради настанат пожар.

-Полициски службеници од ОВР Прилеп се упатиле на местото. За кратко време лицата биле евакуирани и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син, информира Министертството за внатрешни работи.

Поврзани новости