717
На денешната прес конференција докторот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје соопшти дека 18 деца до деветгодишна возраст се позитивни на корона вирус.
-За деца до 9 години имаме 18 деца позитивни на корона вирус. Клиничката слика кај сите е релативно лесна и немало потреба од подолга хоспитализација, рече доктор Микиќ.