ТВ шоу наместо Евровизија во мај

by Fokus

Откако популарната музичка манифестација Евровизија 2020 беше откажана поради панедмијата со корона вирус, организаторите најавуваат ТВ музичко шоу, насловено Europe Shine A Light, кое ќе се одржи на 16-ти мај, а ќе биде пренесувано во многу земји.

Исто така, шоуто ќе се емитува и на официјалниот Јутјуб канал на Евровизија. Настанот ќе има ревијален карактер, и ќе бидат претставени песните на 41 земја преку видео линк. Ова е прв пат во 65 години, откако постои Евровизија, натпреварот да биде откажан.

-Во шоуто ќе им се даде внимание не само на 41-те учесници кои требаше да настапат во Ротердам, Холандија, туку и ќе се инспирираат оние кои седат дома, ќе се поврзат луѓето низ цела Европа во овие тешки времиња. Ќе им оддадеме почит на оние кои се ефектирани од корона вирусот и кризата, но и на оние кои работат тешко и се борат против вирусот – информираат организаторите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости