171 илјада гласачи кои се во странство ќе бидат на посебен Избирачки список

by fokus 16:20
16:20

Вечерва на полноќ истекува рокот до кој партиите треба да поднесат забелешки и пријави за Избирачкиот список, по завршувањето на јавниот увид.

Од СДСМ најавуваат дека ќе имаат забелешки, но не откриваат конкретно на што ќе реагираат, од другите партии молчат, објави ТВ 24 Вести.

- Advertisements -

Откако ќе стигнат пријавите, ДИК решава за нив , по што и ќе го заклучи Избирачкиот список.

Тој на овие избори ќе биде со фотографија на гласачот за да се намали можноста за манипулација. Списокот, според информациите, ќе брои  1.763.933 гласачи, од нив, 171.500 гласачи ќе бидат печатени во посебен Избирачки список бидејќи се сметаат дека се на привремена работа во странство.

Поврзани новости