17 годишник паднал од мопед, задржан на лекување во болницата во Велес

by fokus

Додека 19 годишно момче од Велес го управувал својот мопед на ул. „Алексо Демиевски“, неговиот сопатник паднат од моторот и се здобил со тешки телесни повреди, соопштуваат од МВР.

„На 08.08.2018 година во 05.00 часот на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес  В.Н.(19) од Велес додека управувал мопед „Априлија“ со велешки регистарски таблици на коловозот паднал 17-годишен сопатник од мопедот. По незгодата, со возило на итна медицинска помош тој бил пренесен во Општата болница во Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.  Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот“.

Поврзани новости