Пожар во млин во демиркаписко Прждево

by fokus

Во млин за пипер, во демиркапиското село Прждево, синоќа избувнал пожар, кој бил локализиран од противпожарна екипа на Неготино.

„На 07.08.2018 година околу 21.30 часот во с.Прждево, Демир Капија, избувнал пожар во млин за пипер. Пожарот бил локализиран од екипа од Територијална противпожарна единица-Неготино. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден“, се вели во соопштението на МВР.

Поврзани новости