805
Во последното деноноќие имаме 16 новозаболени од корона вирусот во Македонија, со што вкупната бројка достигна 257, информираше министерот Венко Филипче.
-Новодијагностицирани во последните 24 часа се 16 и сега вкупниот број е 257 пациенти. Вкупно 49 се хоститализирани, 7 се во тешка состојба. На сите други пациенти ширум државата состојбата е стабилна.
Двајца од пацинтите имаа втор негативен тест. Уште 5 лица ќе бидат деновиве наскоро тестирани по втор пат. Значи за 5-7 дена може да имаме 7 лица пуштени дома, рече Филипче.