Ќе биде разрешена директорката на Охридската болница, каде не беше примена жената која почина од корона вирус

by fokus

Поради случајот со жената од Струга која почина од корона вирус, а не била примена во болница, директорката на Охридската болница утре ќе биде разрешена, соопшти министерот Венко Филипче

-За вчерашниот случај со починатата од Струга, утре ќе биде разрешена директорката  на Охридската болница. Денеска на увид во болницата е државниот инспекторат да утврди евентуално други одговорни, рече Филипче.

Поврзани новости