637
Шеснаесетгодишно момче од Авганистан вчера околу 22 часот било удерено од воз на пругата во близина на Демир Капија. Со тешки телесни повреди момчето било донесено на клиниката во Скопје, кадешто поради тежината на задобиените повреди починало.
Пред еден месец, 14 мигранти беа прегазени на пругата кај Велес додека седеле на шините и не го забележале возот. Во последните две години на пругите во Македонија загинале 27 лица.