Матурант од Битола му забил нож во грб на својот татко

by fokus

50-годишниот битолчанец А.Ѓ. се здобил со сериозни повреди поради што бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје откако бил прободен со нож од својот 18-годишен син. Инцидентот се случил вчера околу 14.15 часот на булеварот „1-ви Мај“ во Битола.

Како што информираат од МВР, при семејна расправија 18-годишниот К.Ѓ. го нападнал со нож својот татко при што му нанел убодни рани во пределот на грбот.

„А.Ѓ. бил пренесен во Клиничката болница во Битола, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани новости