Бројот на жртвите на земјотресот кој го погоди индонезискиот остров Ломбок се искачи на 142 лица, соопшти денеска претставник на локалните власти.
– Како резултат на вчерашниот земјотрес со сила од 7 степени, 142 лица загинаа, изјави за „Метро ТВ” Росиади Сојути, секретар во администрацијата на провинцијата Западна Нуса-Тенгара, на чија територија се наоѓа. Ломбок.
Околу 900 индонезиски и странски туристи денека се евакуираат од островот Гили, кој се наоѓа во близина на Ломбок.
– Околу 200 туристи веќе ги напуштија трите острови, а за 700 други претстои евакуација, соопшти портпаролот на националната агенција за справување со природни непогоди Сутопо Пурво Нугухо.
Хотелите на Гили настрадале од силниот земјотрес, проследен со аларм за цунами, што предизвика паника. Многу туристи побарале да отпатуваат за Ломбок, за да стигнат до аеродромот во главниот град Матарам.