Зоолошката градина добива две слоници: Дуња и Даела доаѓаат во Скопје

by fokus

По подолг период во Зоолошка градина Скопје повторно ќе живеат слонови. Како што информираат од таму, слониците Дуња и Даела за неколку дена доаѓаат во Македонија.

Дуња е азиска слоница, најголема од нејзиниот вид во Европа, додека пак Даела е африканска слоница. Тие биле најдобри другарки. ЗОО негователи од Скопје пристигнале во Белгија, каде што ги запознале слониците, чие доаѓање со камион се очекува деновиве.

Дуња и Даела биле стари по околу 30 години. За нив било направено ново живеалиште со отворен и затворен дел во Скопје ЗОО. Истото било со најголема површина во Зоолошката градина.

Минатиот месец директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски одржа состаноци со повеќе градоначалници од Скопскиот регион, на кои била договорена соработка.

-Зоолошката градина е на сите деца од сите општини. За тие успешно да се едуцираат ние на општините ќе им ги отстапиме двата едукативни центри целосно опремени за успешна едукација на децата од предучилишна и училишна возраст – порача тогаш Галетановски.

Во тек е и кампања за едукација на посетителите, да не им даваат храна на животните, бидејќи тие имаат посебен режим на исхрана.

Вики Клинчарова

Поврзани новости