711
На скопјанец му ги украле двете регистарски таблички од „волвото“ во Ханиоти, Грција каде бил на летување последниве десетина дена. Случајот го пријавил вчера на граничниот премин Богородица и претходно на грчката полиција.
„Со овој нов случај на украдени регистерски таблички бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа година достигна вкупно дванаесет, а досега регистрирани се и пет оштетувања на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македоските туристи во Грција“, велат од македонското МВР.