Државната компанија за производство на струја ЕЛЕМ, склучила договори вредни близу 12 милиони евра за ремонт на РЕК Битола, дознава Фактор.мк.
Договорите се склучени со повеќе домашни компании, на 10 јануари годинава. Но, во нив е наведено дека се однесуваат за ремонтни активности за минатата и оваа година.
Битолската централа, изминатиов период имаше неколку дефекти на блоковите а во едниот случај, во најладните зимски денови, мораше да се прави и интервентен увоз на струја, што земјава ја чинеше дополнителни два милиони евра. Од објавените договори за ремонт, не може да се заклучи, дали и поправките на дефектите што се случија периодов се вклучени во овие договори.
Инаку, пред четири години за ревитализација на два блока во РЕК Битола, се потрошија околу 100 милиони евра.