12 годишно дете хоспитализирано по струен удар

by fokus

12-годишно дете било хоспитализирано во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“, откако се здобило со повреди од струен удар во текот на вчерашниот ден, велат од МВР.

„Вчера во 18;40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив било донесено повредено 12-годишно дете од село Љуботен, скопско.Според пријавата, детето се здобило со повреди од струен удар околу 16:20 часот во селото во моментот кога се обидувало да вклучи канделабра за улично осветлување, монтирана на дрвена бандера. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости