Избори во Ново Село и Дебар за нов градоначалник

by fokus

Во општините Ново Село и Дебар ќе се одржат наскоро локални избори на кои ќе се гласа за нов градоначалник. Изборите ќе се спроведат во Ново Село поради тоа што претходниот градоначалник, Боро Стојчев поднесе неотповиклива оставка. Тој беше осуден на казна затвор откако беше фатен во јули годинава во обид за шферц на цигари.

Во Дебар ќе се бира нов градоначалник по смртта на градоначалникот, Ружди Љата, кој по кусо и тешко боледување, почина на 24 ноември, на 65-годишна возраст.

-Постапката продолжува во Собранието кое ќе го утврди датумот, времето и околностите кога ќе се случат изборите, во координација со ДИК. Собранието ги презема понатамошните процеси – изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Поврзани новости