Серафимовски: ОЈО да го испита паралелниот увоз на лековите и позади решетки да ги стави главните виновници Груевски, Тодоров, Стефановски

by Fokus

По излегувањето на интервјуто на директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев во „Фокус“ во кое тој тврди дека фирма на кумот на Никола Груевски увезувала фалсификувани лекови од Турција, реагира Цвете Серафимовски, член на Здружението за дијабетес Баланс МК.

Тој истакна дека тие први реагирале на оваа тема и не прекинале да бараат начин како ова да се докаже, разоткрие и отстрани.

„Во тој период, министерството за здравство на чело со Никола Тодоров и ФЗО и Националната Комисија за Дијабетес каде главниот збор го водеа Ивица Смоковски и Тања Миленковиќ останаа глуви на нашите барања и предупредувања и згора на се нѐ обвинија дека сме биле политички мотивирани за ова.

Затоа сега го повикуваме ОЈО детално да го испита случајот со паралелниот увоз на лекови и виновниците да ги стави онаму каде што им е местото, зад решетки, а главните виновници се:
1. Никола Груевски – премиер на влада во тоа време,
2. Никола Тодоров – министер за здравство во тоа време,
3. Сашо Стефановски – директор на ФЗО во тоа време,
4. Ивица Смоковски – советник на министерот за здравство, член на националната комисија за дијабетес и креатор на погубната политика за користење на инсулининте од страна на лицата со дијабетес, посебно тип 2
5. Тања Миленковиќ – претседател на националната комисија за дијабетес во тоа време и се уште актуелен претседател на националното здружение на дијабетолози на Македонија“ – истакна Цвете Серафимоски, член на Здружението. 

 

Поврзани новости