МВР се уште не го утврдила идентитетот на славениците од ДУИ кои пукаа на „Скендебег“

by fokus

Министерството за внатрешни работи се уште работи на утврдување на идентитетот на оние кои пукаа со огнено оружје на плоштадот „Скендербег“ за време на прославата на ДУИ по изборната победа во Чаир во првиот круг. На прашањето дали се покренати прекршочни постапки за загрозување на јавниот ред и мир, од полицијата велат дека до сега се извршени разговори со четири лица.

„Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје превземени се мерки и активности во рамки на кои, меѓу другото, извршени се разговори со четири лица. Исто така, по издадена наредба од надлежен Јавен обвинител побарани се снимки од камери и се работи на утврдување на идентитетот на лица инволвирани во настанот како и на целосно расчистување на случајот“, велат од Министерството.

Од настанот до сега помина повеќе од еден месец. Ресорниот министер, Оливер Спасовски, веднаш по случувањето изјави дека ќе следаат соодветни санкции за тие што со истрели ги прославија изборните резултати во Чаир. Полицијата, рече, нема да постапува селективно. И во изјавата дадена пред еден месец Спасовски вели дека МВР работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости