Фатен „напафкан“ штипјанец со марихуана во џеб

by fokus

26-годишник од Штип е фатен од полицијата откако претходно конзумирал маригуана со негов пријател, а при претресот кој го извршиле полициските службеници се пронајдени 8,85 грама марихуана и дробилка. Поради ова против 26-годишниот Д.П. е поднесена кривична пријава за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекузори”  и  „Овозможување на употреба на наркотични дроги”.

Според полицијата, на 30.07.2016 година во село Чифлик, делчевско, во близина на местото викано „Кулата”, откако пријавениот, направил џоинт, и го конзумирал со лице од Штип, полициски службеници извршиле преглед.

Поврзани новости