Специјалната обвинителка Катица Јанева избра 14 обвинители

by Фокус

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го претстави својот избор на 14 нејзини помошници – обвинители, за кои истакна дека се надева дека бргу ќе бидат прифатени од Советот на јавни обвинители на Македонија за да можат таа и колегите успешно да работат.

Најголем дел од кандидатите се од Куманово, Тетово, Скопје и еден кандидат од Обвинителството за организиран криминал.
Станува збор за обвинителите Фатмир Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев и Трајче Пеливанов.

Од обвинителите најпознато во јавноста е обвинителката Лиле Стефанова, која го напиша обвинителниот акт за случајот „Ликвидација“, во кој беше осуден новинарот Томислав Кежаровски. Стефанова е застапник и на обвинителниот акт  за случајот „Фаланга 2“, но и за оној против претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, за фирмата „Машинопромет“, за вработените во Националната установа Музеј на Македонија, но и за првата шпионска афера во Македонија, случајот „Шпион“.

– Обвинителите се познати во својата професионалност и го замолив Советот што поскоро да одлучи за нивниот избор за да може да почнеме со работа. Истражителите кои ќе бидат во мојот тим ќе бидат познати до крајниот рок како што е предвидено, односно 15 октомври,  изјави Јанева.

 

 

Поврзани новости