Тројца граѓани утринава, околу 2 часот, биле повредени во престрелка што се случила во Тетово. Повредените, поради серизноста на повредите биле донесени на лекување во државната болница во Скопје.
-Екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово и јавен обвинител веднаш излегле на посоченото место и утврдиле дека со огнено оружје ( пиштол ) повредени се две лица С.К.( 38 ) и С.К.( 37 ) од Тетово. Првиот задобил прострелна рана во стомакот, а вториот во десната подколеница.По укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, пренсени се на скопските клиники. Покрај нив, со повреди на главата се задобил и 49-годишниот тетовец М.А, кој, исто така, итно е префрлен на скопските клиники. На местото на пукањето пронајден е пиштол „Зброевка“ со рамка со 8 куршуми, пет чаури, траги од крв и други траги кои се фотодокументирани и подигнати за вештачење, како и патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.