Судијата Панчевски: Спремен сум да се соочам и со вашата правда, совеста ми е чиста!

by fokus 10:17
10:17

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, преку фејсбук статус порача дека е спремен да се соочи со обвинувањата за делење на предмети на рака, односно за случјот „Акмис“.

-Подготовки за прогон во септември, прогон врз се што има слободна мисла, прогон врз сите неистомисленици. Режимот и послушниците со полна пареа работат во предвечерието на референдумот за името.

- Advertisements -

Занимални за народот, дефокуси и наводни покани и прослави, а дома лаги, измислици, инструирани постапки, јарем врз правото и правдата. Уште еднаш ви порачувам спремен сум да се соочам и со вашата правда, совеста ми е чиста. Колку е валкана вашата совест, вашите раце и вашата правда останува вашиот „живот“ да ви го покаже, напиша Панчевски на фејсбук.

Поврзани новости