Неделковски доби ослободителна пресуда како обвинет за ширење на говор на омраза

by fokus

Водителот Миленко Неделковски денеска во Кривичниот суд беше прогласен за невин, односно доби ослободителна пресуда, а му се судеше за ширење на говор на омраза, поради коментари на фејсбук поврзани со пожарите во Грција.

-За случајот „Миленко“ на кое рочиште беа дадени завршни зборови и беше донесена ослободителна пресуда, информираше Коалицијата „Сите за правично судење“.

Неделковски кривично се гонеше за ширење расистички и ксенофобичен материјал, во врска со неговиот коментар на социјалната мрежа Фејсбук каде што според обвинителството, се сител на пожарите во Атика, Грција. Според поднесениот обвинителен предлог му се закануваше казна затвор од една до пет години.

Фејсбук статусот поради кој е му беше поднесено обвинението, предизвика осуда во јавноста поради, како што се наведуваше, неговата нечовечност и немање емпатија за жртвите во Атика.

Поврзани новости