Дац и Александар ја завршуваат 2020 година со авторска емисија

by fokus

Музичкото дуо Дац и Александар стартуваа забавна емисија која се емитува на интернет каналот Јутјуб. Актерот и музичарот кои од пред две години започнаа да функционираат како музичко дуо, својот најнов проект го нарекоа ,,Уште ми фалиш”.

Според најавата, секоја недела со почеток од 20:30 часот, тие ќе ги емитуваат своите емисии, посветени на градот Скопје, на минатите времиња, со познати гости.

Во нивната прва емисија гостин им беше актерот Ѓокица Лукаревски кој раскажуваше за детството и младоста во старо Скопје.

-Бевме со вас цел карантински период и решивме да ја заокружиме оваа тешка 2020 година со подарок – емисија. Во неа вложивме цело срце и знаење, затоа што публика како вас го заслужува тоа. Секоја епизода, нов гостин, нова приказна.

Емисијата ,,Уште ми фалиш” е навраќање на нашите ценети гости кон нивните најубави мигови во животот. Омилената песна, првата љубов, хумор, музика и се она што фали во ова лудо време, со редовен термин во недела во 20:30 часот – порачаа Дац и Александар.

Вики Клинчарова

Поврзани новости