10 обвинители три месеци без здравствено осигурување

by fokus

Триесет и пет вработени во Вишото скопско обвинителството од кои десет обвинители три месеци се без здравствено осигурување, дознава Алсат.

Од први јануари годинава тие не фигурираат во системот на Фондот за здравство. Вработените се соочиле со овој проблем во моментот кога побарале лекарска помош.

Проверката во системот на Фондот за здравство од матичните лекари покажала дека не се осигуреници. Поради овој проблем без здравствена заштита останале и нивните деца кои биле осигурани преку нив. Имало и обвинителите кои имале закажано хируршки зафати, но биле приморани да ги одложат, бидејќи не сакале или не можеле да ја платат приватно услугата.

И од Фондот за здравство констатираше дека постои ваков проблем. Од стартот на годинава дел од вработените во Вишото скопско обвинителство не се водат како осигуреници и не можат да се лекуваат во болниците на товар на фондот.

Поврзани новости