Три екипи го посакуваат Кутињо

by fokus

Во моментов не може да се каже дека иднината на Фелипе Кутињо е поврзана само со Барселона. Медиумите во Шпанија тврдат дека бразилскиот фудбалер може да го напушти клубот уште ова лето.

Каталонски „Спорт“ тврди дека претставници на три клуба – Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Челзи, веќе оствариле контакт со агентот на Кутињо.

Лондонскиот тим гледа на Бразилецот како на потенцијален заменик на Еден Азар, кој најверојатно ќе премине во Реал Мадрид.

Нејмар пак е еден од главните иницијатори за привлекување на неговиот сонародник на „Парк де Пренс“.

За интересот на Манчестер Јунајтед за Кутињо се зборува неколку месеци, но од „Олд Трафорд“ ќе имаат потешкотии да го привлечат, со оглед на тоа дека тој беше член на нивниот најголем конкурент, Ливерпул.

Сезоната не е многу добра за Бразилецот. Тој има 10 гола и 2 асистенции во 44 натпревари во сите натпреварувања во сезоната, но неговите перформанси се постојано критикувани од медиумите и фудбалските експерти.

Поврзани новости