ЗНМ побара Пешевски да поднесе оставка поради нападот врз Ивановски

by Фокус

Здружението на новинарите на Македонија силно го осудува физичкиот напад врз новинарот Саше Ивановски од вицепремиерот Владимир Пешевски, со кој, според ЗНМ, е загрозено здравјето и физичкиот интегритет на еден новинар.

„Насилството против новинарите во едно демократско општество е насилство против слободата и демократијата. Вицепремиерот очајнички се обиде со тупаници да замолчи новинари да не поставуваат незгодни прашања на власта и насилно да ја ограничи слободата на медиумите. Го повикуваме Пешевски веднаш да поднесе неотповиклива оставка затоа што веќе е недостоен да извршува таква висока функција во владата, а очекуваме државниот јавен обвинител Марко Зврлевски да покрене постапка против Пешевски заради физичкиот напад врз новинарот Ивановски“, соопшти од здружението.

Поврзани новости