Фолк пејачката Силвана Крстовска деновиве потресена од земјотресите во Скопје и околината, добила инспирација да напише песна. Вели дека стиховите и дошле сами од себе и за неполни пет минути ја напишала песната, за која што се надевала дека ќе придонесе барем малку да се разбуди човечкото во луѓето и да започнат да живеат во слога и љубов. Иако била доста исплашена од земјотресот, сепак таа го доживеала како еден вид на предупредување до човештвото, но и како знак дека ништо и никој не е вечен, па затоа луѓето да се потрудат да уживаат во секој нов ден, наместо постојано да си ставаат сопки и да живеат со срца исполнети со омраза.
,,Никогаш не можев да ги сфатам оние кои што се водат од народната ,,Да му умре козата на комшијата,, но кај нас тоа е нешто сосема нормално. До толку сме станале ситни души, завидливи, кавгаџии, секому наоѓаме мана, ги игнорираме добрите дела. Затоа и мислам дека земјотресот дојде во право време, да не освести да не го губиме животот напразно, да се сакаме, да научиме што е тоа соживот и да ги почитуваме различностите. Ја гледам паниката која што се јави кај народот, ги гледам снимките на луѓето кои што исплашени стојат надвор и се молат да не се затресе земјата, и сакам само да им кажам дека тука сите сме исти, нема политички партии, нема вера, националност, има само луѓе кои што се загрижени за својот живот и за животите на нивните најблиски. Така и треба да биде секогаш, а не постојано ние, една мала нација од два милиони да сме толку поделени. Знам дека можеби и ќе бидам осудувана поради ова што ќе го кажам, но земјотресот на некој начин како да се обиде сите да не сплоти повторно. Да не се повтори, но и да извлечеме поука од него,, – вели тетовчанката која што е присутна на естрадата десеттина години и зад себе има еден албум и десетици спотови. Моментално е четврта година на Филолошкиот факултет во склоп на Тетовскиот универзитет, на кој што се запишала со помош на владината програма за постари студенти. И покрај тоа што има редовни настапи, вели дека е солиден студент и се надева дека наскоро ќе стане професорка. За песната инспирирана од земјотресот вели дека планира да напише и музика, но зборовите нема да бидат отпеани, туку изрецитирани, во стилот на легендарната ,,Инес,, на Раде Шербеџија. Ви ја пренесуваме нејзината песна во целост
И ЗЕМЈАТА РЕШИ ДА ЗБОРИ
Татнеж силен в миг се стори!
Чудно чудо и земјата реши да збори!
Еј ситни души,клети и изгубени,
од нечестивиот,од мракот сте заробени!
Каде се добрината и праведноста?
Во вас одамна царува алчноста!
Еј лоши луѓе,саможивни и злобни!
Не срдете го Бога,ќе следат денови кобни!
Да!Јас сум таа,Земјата што ве храни!
Овојпат,ќе дрмам,ќе тресам на сите страни!
Еј луѓе мои,кај отиде човечноста?
Молете се брзо,спасете ја вечноста!
Моево тло издржало непогоди разни,
од поплави,пожари па и војни безобразни!
Простете,но ја поместивте секоја граница!
Запрашајте се која ќе ви биде следна станица?!
Но сеуште еве јас надеж ви давам,
извесно време на пробен тест ве ставам!
Покајте се бре луѓе,за секоја грешка,
од срцата да ви падне онаа грутка тешка!
Подајте си рака меѓусебно,
од тоа нема ништо повредно!
Не судете по нација и вера!
За да сториш добрина,тоа нема мера!
Господ е голем,вие сте негови чеда!
Покајте се искрено за својта духовна беда!
Ширете насекаде љубов и доблести!
Да нема веќе потреси и земјотреси!
Ете,јас Земјата,тоа имам да ви кажам!
Поправете се,покајте се и нема да ве лажам!
Ако љубовта во вашите души пак зацарува,
потреси нема веќе да има,
мојто тло ќе мирува!
Вики Клинчарова