Новиот ректор на УКИМ денеска стапува на функција

by fokus 12:11
12:11

Проф. д-р Никола Јанкуловски денеска и официјално ќе ја преземе функцијата ректор на Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Свечената церемонија ќе се одржи денеска во 12 часот во аулата на УКИМ.

Јанкуловски е декан на Медицинскиот факултет во Скопје, професор по предметот Хирургија и абдоминален хирург. Од септември 2007 до април 2009 година бил директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија. Добитник е на наградата „Св. Климент Охридски“ од областа на здравството во 2013 година и наградата „11 Октомври“ во 2015 година.

На функцијата ректор на УКИМ го наследува досегашниот ректор Велимир Стојковски.

Поврзани новости