Дали нашето трпение и нашата воздржаност е вистински одговор против постојаната репресија?

by lali

Ние не сме на улица поради она што ни го ветиле, а не ни го дале, таму сме поради она што ни го земаа, а беше наше! Правдата и слободата!

Оваа власт на народот му го зема достоинството, му ја зема честа и гордоста, му го зема верувањето во добрината. Му ја искористи наивноста, му ја искористи маката, а за возврат го осиромаши, го подели и го сврти еден против друг. Но, верувам и се надевам дека народот ја научи лекцијата и народот ќе дојде по она што му следува, а тие му го земаа!

Граѓаните што сега се на улица нема да ја заборават оваа власт. Оваа власт ќе влезе во учебниците, мора да влезе во учебниците за доброто на сите идни генерации, они да читаат и да ја научат најважната лекција за државотворност – никогаш повеќе вакво нешто да не се повтори!

Иако многу сме мирни за овие гнасни времиња, не се откажуваме. Но, главното прашање што сите си го поставувеме е следно – дали нашето трпение и нашата воздржаноста е вистински одговор против постојаната репресија?