Кавадарчани дадоа поддршка на Шарена Револуција

by fokus 12:10
12:10

Вчера кавадарчани по деветти пат излегоа на улиците во градот да и дадат поддршка на Шарената револуција. Масовниот протест започна од пред катастарот на градот, па движејќи се низ главната улица ,,Илинденска,, протестаните на крај завршија пред општинската зграда.

Во Кавадарци, градот каде што речиси секое семејство се занимава со лозарство, во изминатиот период се шират шпакулации дека доколку се смени власта, лозарите ќе останат без субвенциите кои што изнесуваат околу 4.000 денари од декар лозов насад на годишно ниво.

- Advertising -

Поради тоа, на присутните граѓани, од кои што повеќето беа лозари, им се обрати Ленче Николовска, која што им порача дека не треба да се грижат за исплатата на субвенциите, доколку се смени власта.

kavadarci protest4

,,Ниту Груевски, ниту Ставрески ви ги даваат субвенциите од сопствен џеб! Нив ги добивате според закон, без разлика кој е на власт,, – им порача таа на кавадарчани.

Пред насобраните толпи зборуваше и советникот во кавадаречкиот совет, Сашко Петров, кој што порача да не се користат јавните институции за подготовка на контра протестите на ГДОМ.

,,Домот на културата не треба да служи за пишување на пароли за контра протести, туку за културни манифестации! И престанете да ги ,,влечите,, директорите на институциите на контра протестите,, – изјави Петров.

Активистите на ,,Протестирам,, од Кавадарци велат дека протестираат против корупцијата, криминалот, неправдите и остануваат при ставот дека не прифаќаат половична аболиција.

 

Поврзани новости