Застарената „социјалистичка“ уредба на Топлификација која не мрзне сите

by fokus

Не следев редовно како се движат темите од локалните избори дали се покрена прашањето за греењето во градот Скопје. Ако се покренала – поддршка од мене.

Имено Топлификација се уште работи според уредба од социјализмот – 80тите години. За нив грејната сезона почнува од 15ти Октомви. Во услови кога има „глобално затоплување“, друга динамика на живот и слично, оваа уредба е застарена и прави многу „трошоци“ во општественото живеење и работење.

Грејната сезона треба да почне на 1ви Октомври, а спремањето на системот да биде крајот на септември. Како што е сега, за 15 денови, периодот од први до петнаести, се измрзнуваме насекаде – на работа, на јавни места, угостителски објекти, хотели … Многу болести се јавуваат од еден на друг од прехлади, грипови и слично.

Треба да бидеме свесни дека Топлификација или БЕГ по ново, може да има екстра трошоци за поместување на грејната сезона. Иако се монопол, сепак се приватна фирма која треба да работи профитабилно. И тоа се решава. Доволно е ФЗО или Министерството за здравство па и Министерството за труд да пресмета(ат) колку ја чинат државата боледувањата од крај на септември и цел октомври за да може евентуално да субвенционираат еден дел во понормална грејна сезона на БЕГ која би почнувала од 1ви Октомври.

Овој предлог за грејната сезона може да се понуди од страна на Градот Скопје и во соработка со Владата и БЕГ да се направат услови за поздрав ЖИВОТ во Скопје и Македонија. Ваквите теми го подобруваат живото и стандардот на граѓаните.

ПС: Инаку грејната сезона треба да завршува на 30ти април наместо на 15ти Април.

Венко Глигоров

Поврзани новости