Започна средбата помеѓу албанските парламентарни партии, Беса ја игнорира средбата

by Fokus

Во хотелот Александар Палас започна средбата помеѓу албанските парламентарни партии каде што ќе се разговара за имплементацијата на програмските определби.

На средбата се присутни Зијадин Села, претседател на Движењето за реформи ДПА, Гзим Острени, претседател на Унитети, Весел Мемеди од Нациолната демократска преродба, претседателот на ДУИ Али Ахмети и шефот на неговиот кабинет Артан Груби.

Од Беса уште вчера соопштија дека претседателот Билал Касами  не добил официјална покана, но и претходно од партијата неколку пати нагласија дека нема да седнат на иста маса со Ахмети.

Фото: А1он

Поврзани новости