Закани по живот до новинарот Борјан Јовановски

by Фокус

Непознато лице вечерва дошло во домот на новинарот и уредник на НОВА ТВ, Борјан Јовановски и на неговата сопруга и оставило погребен венец на кој пишувало „Последен поздрав“. Лицето рекло дека „поздравот“ е од Тодор Александров. Во моментот на настанот, дома биле и малолетните деца на Јовановски.

Случајот е пријавен во полиција, а во моментов се очекува таа да пристигне и да изврши увид.

Ова не е првпат новинарот Борјан Јовановски да добива закани, но ова е една од најдиректните закани по живот. Вербални закани добивал и од страна на медиуми и новинари кои важат за блиски до владејачката партија, но и од високи државни функционери. Досега, Јавниот обвинител не преземал ништо.

Поврзани новости