Заев: Со една изборна единица ќе се уништи режимот на Груевски

by Фокус

Нашиот став за една изборна единица е во функција на граѓаните, демократијата и државата. Ќе спречи да се случат моќни функционери на апсолутистички начин да воспостават режим како што тоа го направи Никола Груевски, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска во Пехчево.

Тој нагласи дека Груевски ќе замине во историјата, а СДСМ ќе ја добие честа да ги врати демократските институции и квалитетот на живот на граѓаните.

– Но, искрен лидер не смее да се плаши од помалите партии. Ако Груевски сакал мнозински модел, требаше да се спроведе попис. Тој мнозински модел значи бипартитен систем. Со една изборна единица се вреднува гласот на граѓанинот во земјата исто и на дијаспората – истакна Заев.

Поврзани новости