Заев и Борисов го потпишаа договорот за добрососедство

by fokus

Македонскиот премиер, Зоран Заев, и неговиот колега премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, го потпишаа Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу двете земји.

Во своето обраќање Заев изјави дека договорот и дава позитивен сигнал на меѓународната заедница за стабилизација на регионот.

„Договорот покажува дека таму каде што има политичка волја прашањата ќе се решат. Македонија и Бугарија направија историски чекор напред. Отворивме пат за стабилност и развој за двете држави и за балканскиот регион. Овој договор е взаемен успех и придонес кон политичка стабилизација. Влада на Република Македонија се определи да води политики на решавање. Во владата на Република Бугарија видовме конструктивен партнер со исти цели“, изјави Заев.

Тој додаде дека договорот е пример како долгогодишна кочница може да стане мотор за поврзување.

„Овој догов е значајна порака до ЕУ и НАТО дека земјите од регионот имаат полтичко раководство кое гради мостови. Балканот и Југоисточна Европа се однесуваат европски и ги заслужуваат европски и атлански перспективи. Република Бугарија е уште поголем пријател на Македонија. Мојот народ денеска има право да биде среќен поради овој чекор.“, заврши Заев.

Поврзани новости