Лидерот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека она што ќе претставува нови политики е рационализација на вкупниот број на часовите.
– Нашите деца, без разлика наставниците како ќе реагираат, се пренатрупани со часови. Учат еден куп работи, од прво до четврто одделение дечињата имаат и по пет и по шест часа. Детенце од прво до четврто одделение да го држите по шест часа е жално. Тоа дете мора да игра, мора да има детски живот и мора да учи само тоа што му треба. Што ни фали на нас што имавме три до четири часа. Во средно образование мора да воведеме и практична настава. Сите деца не се за факултет, тоа го знаеме. Ако имаме практична настава, тој што не сака да оди на факултет, многу полесно и побрзо ќе најде работа – истакна Заев.
Тој додаде дека политиката досега премногу била навлезена во школството, поради што трпеле меѓучовечките односи кај наставничкиот кадар, а со тоа и образованието, и дека тоа ќе се менува.