Видео: Родител на еден од обвинетите тврди дека од „бомбите“ за Монструм слушнал само разговор меѓу маж и жена

by Fokus

Бедри Ајдари, претстaвник на семејствата на осудените во случајот „Монструм“, за убиствата кај Смилковското езеро во синоќешното издание на „Ноќно студио“ на Телма телевизија откри дека слушнал дел од „бомбата“ за случајот.

Искрено да ви кажам, слушнав еден разговор помеѓу двајца протагонисти, едната е жена, другиот е маж, кадешто вели – „знаете, таму буквално ништо не е најдено, не оставиле никаква трага, но јас имам план”. Другиот соговорник прашува „каков план“ овој одгoвара „не можам по телефон да ти кажам“ – рече Ајдари, кој е брат и татко на обвинетите за случајот Монструм.

Поврзани новости