ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже каде планира да вдоми и вработи 150.000 мигранти

by Fokus

Од ЦМРО-ДПМНЕ го повикаа Зоран Заев  и СДСМ јавно да соопштат каде планираат да ги вдомат и вработат 150.000 мигранти за кои прифатиле обврска да ги населат во Република Македонија.

„Доколку СДС мислат дека трајно населување на мигранти е исправна владина одлука и стратегија, зошто не дозволија на граѓаните преку референдум, кој ќе биде организиран заедно со локалните избори, на еден трошок, да кажат што мислат за ваквото погубно решение на владата – се наведува во партиското соопштение.

Според партијата, вдомувањето на мигрантите, ќе направи дополнителен притисок врз висината на платите, па така наместо да растат со внесувањето дополнителна работна сила од надвор, ќе почнат да се намалуваат.

Поврзани новости