527
Основниот суд Скопје 1 денеска го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката Лидија Петровска, на која и беше доделен случајот со уништувањето на документација во УБК поврзана со прислушувањето.
Од Судот велат дека барањето се одбива поради тоа што не се основани причините за изземање на судијата кои СЈО ги навело во своето барање.
СЈО бараше изземање на судијката Петровска, бидејќи нејзиното име се спомнува во прислушуваните разговори што ги објавуваше опозицијата.