Хотел Парк и Спа, нова луксузна приказна во Скопје, инвестиција вредна 15 милиони евра

by Fokus

Денеска во Скопје е отворен новиот Парк Хотел и Спа, кој е лоциран во Градскиот парк во Скопје во близина на реката Вардар. Хотелот е најновата инвестиција на домашната компанија Гемак Трејд, која годинава одбележува 25 години од своето успешно работење, а целата инвестиција за изградба на хотелскиот комплекс изнесува околу 15 милиони евра.

– Кога имав само осум години моите постарија браќа ме фрлија во Вардар, иако не знаев да пливам. Успеав да се извлечам и научив една животна лекција која подоцна ме следеше низ животот и го одреди мојот пат. Со силна волја и решителност секој може да се снајде и во најтешки ситуации и да го најде излезот. Оваа девиза ја применувам во моето работење и е дел од успехот на мојата компанија, која еве сега прославува 25 години. Токму затоа хотелот е еден симбол на успехот и новата додадена вредност на Гемак – тврди сопственикот на Гемак, Енвер Малиќи.

Новиот Парк Хотел и Спа-Скопје располага со 80 луксузни уредени соби, кои се опремени со уникатни содржини. За гостите во хотелот ќе се погрижи искусна екипа предводена од директорот на хотелот Џордано Бори, а за врвната храна ќе се погрижи еден од најдобрите светски готвачи Константин Катафај.

Фото: емагазин

Поврзани новости