Вртоглави заеми за стари долгови

by fokus

Владата утре ќе се задолжи кај домашните кредитори со 88,7 милиони евра. Исто толку веќе следниот ден Министерството за финансии треба да врати во стопанството по основа на стари долгови.

Ваквите задолжувања за раздолжувања се се почести, посебно поради „дупката” во стопанството, каде државата е најголем должник. Истиот месец годинава, влада позајми 75 милиони евра за исплаќање долгови кон стопанството.

Инаку заклучно со минатата година вкупниот јавен долг изнесува 4,7 милијарди евра или 50,1 отсто од бруто-домашниот производ.

Поврзани новости