„Лавови”: Нема да дозволиме братоубиствена војна

by fokus

Единицата „Лавови” со соопштение испратено до јавноста се огласи за политичката ситуација во земјава и постави неколку барања.

-Претседателот Ѓорге Иванов да го повика амбасадорот на Албанија  и од него да побара јавно извинување во име на Албанија за мешањето во внатрешните работи на Македонија и итно отфрлање на Тиранската платформа – ова е првото барање кое поранешната единица за брзи интервенции го испрати преку медиумите, до како што велат, македонските граѓани.

Понатаму, се обраќаат до политичките партии на Албанците од кои бараат да се свртат кон соживот и почитување на Уставот и Законите. На македонските партии пак, им го испратија нивното последно, и како што велат, најважно барање.

-Бараме од македонските политички партии да седнат на заедничка маса и да ги прецизираат црвените линии во однос на македонските национални интереси и за правата на етничките заедници во Република Македонија. Со тоа да не дозволат фаворизирање на една етничка заедница во однос на другите. Им порачуваме на политичарите дека ќе спречиме ратоубиствена војна и поделба на државата заради политички цели и интереси.

Народот да биде сигурен и спокоен дека се горе наведено ќе биде исполнето, бидејќи секој ќе одговара пред законите и Уставот на Република Македонија – стои во соопштението.

Поврзани новости