379
Власта предводена од Зоран Заев за да го оттргне вниманието од катастрофалните економски и антидржавни политики прстот го вперува кон политичките неистомисленици прогласувајќи ги за терористи, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ неконтролирано и расипнички се однесува со парите на граѓаните. Сведоци сме на секојдневно осиромашување, економијата тоне, а трошоците за живот растат. Оваа Влада на СДСМ во деветмесечното владеење граѓаните ги чинеше 1,4 милијарди евра. Проекти нема, повисоки плати и пензии нема, подобар стандард нема! Сведоци сме на економски тероризам врз Македонија и нејзините граѓани“, соопштија од ДПМНЕ.