ВМРО-ДПМНЕ: Со денешните притвори се стави крај на правната држава

by fokus

Одлуката да се изрече притвор за три лица кои се предмет на политички прогон од страна на СЈО е срамна и без никаков издржан правен аргумент, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за денешните притвори за тројца фукнционери од УБК.

-Медиумите под контрола на СДС ја најавија уште пред да биде официјално соопштена. Тоа доволно говори околу начинот на кој што работел судот. Со ваквите одлуки се става крај на правната држава и започнува нарачаниот политички прогон. Одлука има само една цел. Таа цел е да се испрати пораки „или сите ќе клекнете на колена и нема да се борите за државните и национални интереси или ќе завршите во притвор“, „или ќе учествувате и ќе ги поддржите конструираните и политички монтирани обвиненија на СЈО или ќе завршите во притвор, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости