ВМРО-ДПМНЕ: СДС води црна кампања и ја злоупотребува загубата на човечките животи за да победи

by Fokus

„Срамно и лицемерно е што СДС и Дамјан Манчевски ја злоупотребуваат загубата на човечките животи во катастрофалните поплави кои се случија минатата година, со евтини манипулации и црна изборна кампања, надевајќи се  дека ако кажат некоја лага и оцрнат некого, со тоа ќе добијат некој глас повеќе кај граѓаните на претстојните локални избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниедна лага и црна кампања, нема  да  го смени мислењето на граѓаните.Зад Коце Трајановски како градоначалник на Скопје стојат многубројни реализирани проекти и многу работа и граѓаните го гледаат и вреднуваат тоа. Скопјани на 15-ти октомври ќе ја направат разликата. Скопјани ќе гласаат за реализирани проекти, за работа за  дела ,а не за празни ветувања и безочни лаги. СДС и нивниот кандидат за градоначалник Петре Шилегов, на овие локални избори ќе бидат убедливо поразени – се наведува во реакцијата од опозициската партија.

Поврзани новости